Матични клетки - значајни за животот што доаѓа
Матичните клетки се базични клетки кои го планираат и обликуваат
нашиот организам, обновуваат и регенерираат се, целиот живот.
Научете зошто матичните клетки се од животно значење и зошто е
значајно да се зачуваат!
Матичните клетки добиени од крвта на папочната врвка последната
деценија се центар на интерес во регенеративната медицина.
Овие клетки се способни да се самообновуваат преку клеточна делба и да
се диференцираат во различни типови на клетки кои во нашето тело
имаат специјализирани функции: срцеви клетки, нервни или клетки на
кожата. Заради тоа матичните клетки од крвта на папочната врвка веќе
рутински се користат и се многу драгоцени кај сите оние типови на малигни
заболувања, каде како резултат на болеста или пропишаната терапија,
сопствените извори на матични клетки на организмот се исцрпени или
оштетени. Долго време постоеше верувањето дека матичните клетки од
крвта на папочната врвка првобитно употребени за регенерација на
елементите на крвта, можат единствено да се употребат за обновување на
коскената срцевина. Денес со сигурност се знае дека способноста на овие
клетки во диференцијацијата и обновувањето е далеку поголема.
Собирањето на овие клетки е можно непосредно по раѓањето на детето
бидејќи плацентата и крвта од папочната врвка ги содржат во изобилство.
Матичните клетки кои играат значајна улога по оплодувањето, во
формирањето на ткивата и органите кај новороденото, мигрираат од
коскената срцевина, но и од другите органи на бебето во крвта. Како
резултат на оваа миграција, крвта од папочната врвка е богата со матични
клетки. Тие не биле изложени на инфекции и се многу млади, незрели со
многу поголем потенцијал да лекуваат во споредба со адултните клетки кај
возрасен организам.
Благодарение на модерната медицина овој драгоцен подарок може да се
собере и обработи. Никогаш понатаму во животот не е можно да имаме
пристап до така млади, здрави, бројни и сопствени клетки, кои со сигурност
ви се директно достапни во случај да притребаат.
Постојат повеќе причини за употреба на матични клетки од крвта на
папочната врвка пред трансплантација на коскена срцевина:
Полесно е да се најде адекватен донор (веројаноста е 50% во семејството,
наспроти коскена срцевина каде веројатноста е само 25%).
Колекцијата на коскената срцевина е инвазивна и болна процедура.
При трансплантација на матични клетки од крвта на папочната врвка,
веројатноста за преживување е далеку повисока.
Историјат
Матичните клетки за прв пат се употребени во трансплантација во Франција
изведена од проф. Роберт А. Гуд во 1969 година на дете со примарна
имуна дефициенција. Од тогаш индикационото подрачје е проширено на
различни цитопении, малигни хематолошки болести и тумори.
Матичните клетки од крвта на папочната врвка за прв пат се употребени во
трансплантација во Франција во 1988 година. Од тогаш, трансплантацијата
на матични клетки од коскена срцевина се повеќе се заменува со оваа
процедура.
Во САД, . Австралија и Европа се употребени матични клетки за
регенерација на срцева мускулатура после акутен инфаркт на миокардот со
охрабрувачки резултати. Во 2005 година во Унгарија во фаза на клиничко
испитување се употребени матични клетки
Истражувањата со матичните клетки се едни од најфасцинантните
полиња на современата медицина. Тие продолжуваат и понатаму во
правец да се разбере подобро као еден човечки организам се развива од
една единствена клетка и како во возрасен организам здравите клетки ги
обновуваат оштетените.