Земање крв од папочната врвка
Можноста за земање на крвта од папочната врвка е непосредно по моментот на
породувањето. Собирањето на оваа крв го врши гинеколог кој го води
породувањето или сестра акушерка во собата за породување. Бидејќи бебето е
родено и згрижено и папочната врвка преку која се хранело и развивало до тој
момент е пресечена, се јавува можност да се собере крвта која постои во
постелката и папочната врвка. Се разбира, постапката на собирање на крвта од
папочната врвка е потполно безопасна и безболна и за мајката и за бебето и не
влијае на процесот на породувањето, без разлика дали се работи за природно
породување или царски рез. Доколку за време на породувањето не дојде до
некакви компликации, собирањето на крвта е рутинска постапка која трае 3-5
минути . Гинеколозите ширум Македонија се обучени да ја изведат оваа постапка
со сетот на Крио Институт на максимално одговорен и уреден начин.
Со оваа уникатна и неповторлива можност родителите одлучуваат овој природен
и биолошки извор на матични клетки да го спасат од уништување и да ги сочуваат
овие драгоцени клетки за доброто на своето семејство, земајќи активна улога во
заштитата на здравјето на своите најмили.
Собирањето на крвта од папочната врвка се врши во специјализиран сет за таа
намена кој и се предава на трудницата во текот на потпишувањето на договорот.
Бројот на матичните клетки од крвта на папочната врвка е пропорционален на
количината на земената крв. Во просек обично се успева да се собере 60-70 мл
крв од папочната врвка, но во некои случаи таа може да изнесува дури 150 мл.
Количината на собраната крв зависи од многу фактори: бројот на недели на
трудницата, големината на постелката, дали бременоста е со едно дете или
близнаци, колку брзо се одделува постелката за време на породуванјето и сл.
Собраната крв од папочната врвка се пренесува со сертифициран транспортер до
лабораториите на Крио Институт во Будимпешта, во соодветни услови, оптимални
за квалитетот и вијабилноста на клетките.
Врз квалитетот на клетките битно влијаат екстремни температури за нив: под +4
Сo и над +25 Сo.