Дали зачуваните клетки имаат рок на траење?
Криопрезервацијата е сигурен начин на зачувување на виталноста на клетката. Доколку условите на чување останат непроменети, се очекува да можат да се чуваат неограничено. Како аргумент за ова постојат документирани случаи кога матичните клетки биле комплетно функционални по нивното одмрзнатување дури и по 30 години. После тоа тие се успешно индуцирани и диференцирани во други типови на клетки.
Студијата е публикувана во Journal „Molecular Reproduction and Development.
Кои се предностите на матичните клетки од папочната врвка
Какви микробиолошки тестови треба да направи бремената жена?
Во текот на 30-32 недела од бременоста треба да се направат следните тестови: Хапатит Б, Хепатит Ц, ХИВ, Сифилис, ЦМВ.
Кога може да се собере крвта од папочната врвка?
Единствено непосредно по породувањето. Собирањето се врши во специјална ќеса за колекција на Крио Институт согласно меѓународните стандарди за собирање на биo лошки материјал.
Што се случува со собраната крв?
Собраниот примерок на крв се транспортира на собна температура (+ 4 до + 25oC ) за 48 часа до Крио Институт.
Како се чуваат матичните клетки?
Тие се чуваат во пареа на течен азот, т.н технологија на гасовита фаза. Пареата на течен азот обезбедува температура од -120 до -196oC.
Кој може да ги користи матичните клетки?
Бидејќи матичните клетки се зачувани за сопствени цели, сопственикот може да ги искористи кога и да притребаат. Доколку треба да се употребат за брат/сестра или родител, неопходно е да се направат адекватни тестови пред употребата, т.н ХЛА антиген типизација. Секако, хистокомпатибилноста внатре во семејството е значително висока.
Колкава е веројатноста да се употребат зачуваните матички клетки?
И покрај многубројните контроверзии на оваа тема, експертите и медицинската пракса предвидуваат дека детето има 1/400 веројатност да ги употреби сопствените матични клетки од папочна врвка во подоцнежна фаза од животот.
Дали има клиничка примена на матичните клетки од крвта на папочната врвка?
Првата трансплантација со овие клетки е направена во 1988 година. Од тогаш па наваму се изведени 15000 трансплантации со овие клетки. Исто така документирани се неколку случаи на примена на хематопоетични клетки во Унгарија - Pediatric Hematological and Bone Marrow Transplanting Department of BAZ (Borsod-Abaúj-Zemplén) County Hospital, а се обработени и зачувани во Крио Институт.
Кои болести можат да се лекуваат со матичните клетки?
Денес со сигурност се знае дека матичните клетки се стандардна терапија за околу 70 болести на крвниот и имунолошкиот систем. Покрај ова, постојат голем број заболувања каде матичните клетки покажале оптимистички резултати, но сеуште не се прифатени како стандардна терапија: јувенилен дијабет, хронова болест, лупус, церебрална парализа, енцефалопатии, траума на мозок, оштетувања на рбетен мозок, мултипла склероза, канцер на дојка, ренален канцер. И, болести кај кои третманот со матични клетки е во прва фаза од клинички испитувања: ревматски и јувенилен артритис, склеродерма, алцхајмерова и паркинсонова болест, обновување на срцев мускул после инфаркт, репарација на органи.
Сакам да зачувам матични клетки. Што да направам?
Тимот на Генома - овластено и ексклузивно претставништво на Крио Институт е подготвено да ви помогне и да се погрижи за секој чекор од постапката. Закажете консултативен состанок и посетете не за генерални иформации. Ние се радуваме на вашето доаѓање.
Како можам да ја контактирам Генома?
Побарајте не на телефонскот број: 00 389 2 3090 340 или 00 389 77 745 028, испратете електронска пошта на info@genoma.mk , употребете го образецот за контакт na нашата веб страна www.genoma.mk или посетете не во нашите канцеларии: Партизански одреди 111, 1000 Скопје, Македонија