новости

Документирани случаи на трансплантација на матични клетки од FamiCord Group*

1-ва документирана трансплантација

15 март 2007 година на 8годишно девојче со дијагноза неуробластома и е направена алогена трансплантација со матични клетки од папочна врвка од компатибилен донор од фамилијата - сестра. Девојчето е живо, со одличен здравствен статус.

2-ра документирана трансплантација

23 Јануари 2008 година на 5годишно девојче со дијагноза лимфобластна леукемија и е направена алогена трансплантација со матични клетки од папочна врвка од компатибилен донор од фамилијата - помлада сестра. Девојчето после трансплантацијата е живо и останува во комплетна и континуирана ремисија.

3-та документирана трансплантација

Ја објавуваме најверојатно првата од редок тип експериментална терапија во Европа - обновување на оштетен централен нервен систем - со автологна клеточна линија од крвта на папочната врвка. Матичните клетки беа диференцирани и експандирани и автологна неврална прогениторна популација на клетки беше испратена до педијатриска невролошка клиника.
Беа направени три трансплантации од кои последната во септември 2008 година. Пациентот - момче на 18 месечна возраст ги прими сопствените клетки директно во централниот нервен систем. Посттрансплантациониот период е стабилен.

4-та документирана трансплантација

Реципиентот на матични клетки е момче со миелодиспластичен синдром. Со цел иден третман на болеста, беше собрана крв од папочна врвка од неговиот брат 6/6 ХЛА компатибилен.
Трансплантацијата е изведена на 22 јануари 2009 година. Не беа констатирани никакви компликации.
Пациентот е жив и останува во добра здравствена состојба.  
 
*FamiCord Group ja сочинуваат банки    на пет локации: Полска, Романија, Латвија, Шпанија и Унгарија - Крио Институт.