нашата услуга
Склучување договори и задачи за родителите
Заради што поефикасна услуга за нашите корисници, склучувањето договор за зачувување на матични клетки од крвта на папочната врвка е многу едноставно.
Можете да склучите договор во овластеното и ексклузивно претставништво на Крио Институт во Скопје - Генома или тоа да го сторите во вашиот град со помош на медицински советник од истото претставништво.
За склучување на договорот потребни се лични податоци на родителите као и микробиолошка анализа на крвта на трудницата (резултати од проверка на Сифилис, Хепатитис Б И Ц, ХИВ, ЦМВ IgM и IgG). Доколку резултатите се уште не се готови, потребно е да се приложи документ кој го потврдува земањето на крв за горенаведените анализи. За склучувањето на личниот договор најдобро е да бидат присутни и двата родитела заедно, бидејки документацијата треба да биде потпишана од двајцата.
После потпишувањето на договорот и уплатата на трошоците за нашите услуги, ние ќе ви доставиме специјален сет за земање на крв од папочната врвка кој треба да го понесете со вас во собата за породување кога ќе дојде времето за породување.
Внимание! Не заборавајте! Кога породувањето ќе започне понесете го сетот за собирање на крвта од папочната врвка во собата за породување!
Нашата услуга чекор по чекор
Прв чекор - пополнете го образецот за контакт на нашиот веб сајт
www.genoma.mk или јавете ни се на еден од нашите броеви: 00 389 2 3090 340, 00 389 77 745 028. Нашите медицински советници ќе презентираат релевантни информации за матичните клетки, нивното чување и употреба и ќе одговорат на вашите прашања.
Втор чекор - ако одлучите да ги зачувате матичнитe клетки на вашето дете, треба да бидете сигурни дека целокупниот процес (започнувајќи од собирањето на материјалот, транспортот, обработката, изолирањето на клетките и сите тестови за нивната стерилност, заклучно со замрзнувањето на клетки со висок квалитет за евентуална идна употреба) се извршува во согласност со релевантните стандарди. Генома и нашиот партнер Крио Институт обезбедува највисоки стандарди за квалитет во превозот, обработката и безбедноста на матичните клетки на вашето дете. Можете да бидете сигурни дека секој чекор се врши во согласност со најстрогите законски и научни стандарди.
Целокупната обработка и замрзнувањето се вршат согласно интернационалните стандарди NetCord, АААB и EAFCBB (European association of family cord blood banks), со кои е акредитиран Крио Институт. Целта на овие валидни акредитации е да обезбедат стандарди за висок квалитет во медицинската и лабораториската пракса со приоритет во обезбедување на квалитетна грижа за пациентот и квалитетна лабораториска обработка на материјалот. Тоа значи дека изолираните и зачувани матични клетки според сите меѓународни критериуми ги задоволуваат и клиничките и лабораториските аспекти и се погодни за употреба и трансплантација. Лекарите кои ја изведуваат трансплантацијата и пациентите се многу посигурни кога зачуваните матичните клетки доаѓаат од банка која е NetCord, АААB или EAFCBB акредитирана.
Трет чекор - идните родители го потпишуват договорот со Крио Институт, со помош на овластен медицинки советник од претставништвото Генома во Скопје или кој било друг град во Македонија. Родителите ќе ги добијат потребните формулари, неопходни за транспорт и обработка на материјалот и фактура за плаќање на услугата.
Четврт чекор - откако ќе ја добиеме вашата уплата на авансот, ќе испратиме специјален сет за собирање и транспорт на примерокот крв од папочната врвка и сите потребни подготовки во болницата.
Петти чекор - ве молиме пред раѓањето да го предупредите медицинскит персонал за вашата одлука да ги зачувате матичните клетки од крвта на папочната врвка и да укажете на сетот резервиран на ваше име и презиме, кој ги вклучува сите неопходни инструкции за собирање на материјалот.
Овластен медицински персонал ќе се погрижи за професионално и уредно собирање на примерокот крв од папочната врвка. Исто така, персоналот ќе го извести претставништвто Генома дека процесот на собирање на материјалот е завршен.
Шести чекор - родителите исто така имаат одговорност и обврска да се јават во претставништвото и да потврдат дека продувањето и процесот на собирање на материјалот е завршен.
Седми чекор - медицински советник од претставништвто Генома го превзема сетот со собраниот материјал за кое приложува писмена потврда за тоа, како и известува за времето на транспорт на материјалот и времето за кое родителите ќе го добијат Сертификатот за квалитетот на зачуваните матични клетки. Претставништвото Генома е одговорно за квалитетот на материјалот во текот на неговиот транспорт до лабораториите во Будимпешта.
Осми чекор - Крио Институт ја превзема обработката, изолацијата и криопрезервацијата на матичните клетки на вашето дете. Најдоцна за 4 недели ќе ве известиме за успешноста на зачуваните матични клетки. Истовремено сте обврзани да го финализирате плаќањето или да продожите со уплатите согласно условите во потпишаниот договор.
Деветти чекор - откако ќе се финализира уплатата на целата сума, родителите си го добиваат Сертификатот за квалитетот на зачуваните матични клетки со соодветно објаснување од страна на медицински советник во Генома.
Десетти чекор - независно дали сте се решиле за 10-годишен или 20-годишен договор за чување на матичните клетки, ќе можете да го продолжите неколку месеци пред истекот на истиот.