обработка и замрзнување

Обработка на крвта од папочната врвка и замрзнување на матичните клетки

После породувањето и собирањето на крвта од папочната врвка, во време од 48 часа - оптимално за преживување на матичните клетки, собраниот материјал со сертифициран транспортер се носи во лабораториите на Крио Институт во Будимпешта. Обработката на материјалот започнува веднаш по неговото пристигнување во лабораториите на Крио Институт. Целокупната обработка и замрзнувањето се вршат согласно интернационалните стандарди NetCord, АААB и EAFCBB (European association of family cord blood banks), со кои е акредитиран Крио Институт. Целта на овие валидни акредитации е да обезбедат стандарди за висок квалитет во медицинската и лабораториската пракса со приоритет во обезбедување на квалитетна грижа за пациентот и квалитетна лабораториска обработка на материјалот. Тоа значи дека изолираните и сочувани матични клетки според сите меѓународни критериуми ги задоволуваат и клиничките и лабораториските аспекти и се погодни за употреба и трансплантација. Лекарите кои ја изведуваат трансплантацијата и пациентите се многу посигурни кога сочуваните матичните клетки доаѓаат од банка NetCord, АААB или EAFCBB акредитирана.

Во лабораторијата во исклучително стерилни услови се врши обработка на земената крв од папочната врвка. Во текот на овој процес Крио Институт води сметка да се добијат што е можно повеке клетки и истовремено да се зачуваат нивните витални функции кои ќе останат непроменети во текот на нивното долгогодишно презервирање.

Лабораторијата е опремена со најмодерни компјутерски управувани уреди за сепарација на матичните клетки. Доколку волуменот на собраната крв дозволи (над 70 мл), се врши редукција на волуменот и сепарација по прописите на NETCORD, АААB и EAFCBB (European association of family cord blood banks). Во некои случаи кога примерокот на собрана крв е со мал волумен се замрзнува вкупната количина на крв и се зачувува целокупната количина на витални клетки. На тој начин, примерокот се заштитува од губење на извесен процент на клетки во текот на процесот на сепарација.

Пристигнатиот материјал - крв од папочната врвка - прво се мери и констатира неговиот волумен. Според меѓународните прописи, за примерок на собрана крв со волумен помал од 40 мл не се препорачува презервација, бидејки во тој случај овој промерок содржи мал број на матични клетки. Покрај мерењето се прави анализа и обработка на крвта. Освен наведеното, се прават и потребните микробиолошки тестови на крвта (култура на бактерии, дијагностицирање на вирусни заболувања и сл).

Примерокот на изолираните матични клетки се обработува со специјална заштитна супстанција. Таа супстанција ги штити нуклеарните матичните клетки од потенцијалното разорувачкото дејство на замрзнувањето кое се состои од претворање на водените молекули (кои ги има во клетките) во кристали. Така, матичните клетки можат да ја задржат својата виталност и во длабоко замрзната состојба, теоретски на неограничено време. Примерокот со матичните клетки се става во специјална врекичка за замрзнување, а таа во специјална метална касета.

Доколку волуменот на собраната крв од папочната врвка дозволува, можно е да се замрзнат две или три врекички (единици) кои се складираат одвоено.

Од секој примерок крв од папочната врвка на новороденчето се земаат и замрзнуваат по 4 ампули од 1,5 мл крв за тестирање. Крвта од овие ампули може да се користи за потребни испитувања во случај на трансплантација, без потреба од одмрзнување на врекичките или земање крв од детето. Овие испитувања се потребни (т.н ХЛА типизација) доколку матичните клетки не ги користи сопственикот на матичните клетки (донор), туку ќе се користат за лечење на индивидуа во крвно сродство со донорот на матични клетки (брат, родител, баба, дедо и сл.) или пак ќе се трансплантираат во некој друг организам кој не е во крвно сродство со сопственикот на матичните клетки. Матичните клетки многу постапно се замрзнуваат и фазите на замрзнување компјутерски се контролираат.

Потоа клетките се подготвени за длабоко замрзнување на температура од -120oC - 196 oС во азотна пареа. Системот на презервирање кој функционира на принцип на азотна пареа во моментов е најпотврдениот, најбезбедниот и нејефикасниот начин на презервирање на матичните клетки. Овој систем има минимална потреба за користење електрична енергија, и дури без струјно напојување овозможува азотната пареа да ја одржува потребната температура за презервирање на матичните клетки.